Новите фабрики двигатели на растот годинава

29.01.2014 17:28

Ова е успешна завршница на една добра економска година ...

Ова е успешна завршница на една добра економска година која донесе повеќе позитивни елементи особено во второто полугодие, е првиот коментар за растот на индустриското производство во 2013 на универзитетскиот професот Томе Неновски.
 
Тој смета дека македонската економија полека излегува од стегите на светската економска криза, што е резултат и на заживувањето на европската економија, која е наш најзначаен трговски партнер. 
 
Ова е сигнал за домашните компании пооптимистички да планираат и да размислуваат за нови инвестиции и за извозна експанзија ,а за банките знак дека треба да ја зајакнат кредитната поддршка.
 
По индустриски групи, убедливо најголем раст од 43,8% има кај капиталните производи, а зад нив се нетрајните и трајните производи за широка потрошувачка, кои содржат во себе висока додадена вредност, вели Неновски. 
 
Бизнис заедницата во Сојузот на стопански комори очекува зголемени нарачки од европските компании, зајакната кредитна поддршка од домашните банки и нови поттикнуввачки мерки од Владата.
 
Позитивниот тренд ќе продолжи и во оваа година прогнозираат економистите, со стапка која ќе надмине 3 проценти, а генератори на растот ќе бидат неколку индустриски сектори. 
 
,,Рударството, прехранбената индустрија и новите фабрики во слободните индустриски зони, треба да бидат генератори на растот во 2014 година“, прогнозира професорот Неновски. 
 
Освен овие три сектори многу се очекува и од градежнштвото. Годинава ќе стартува  градбата на дури три автопати кои треба да придвижат уште 25 индустриски гранки. Доколку  и банките   го зголемат кредитирањето  не очекува добра економска година, смета бизнис заедницата .  
 
Свето Николовски