Собранието го донесе ребалансот на Буџетот за 2016

29.07.2016 12:24

Со 55 гласа „за“ и 23 „против“ го донесе ребалансот на Буџетот за 2016 година. За буџетот не гласаа пратениците од опозицијата...

Со 55 гласа „за“ и 23 „против“, Собранието предмалку го донесе ребалансот на буџетот за 2016 година, за кого општата расправа по предлогот заврши во средата доцна вечерта.

За предложениот ребаланс гласаа  пратениците од владејачкото мнозинство, додека опозицијата предложи тој да биде повлечен од дневниот ред затоа што во него е содржана и еврообврзницата која, според нив, била незаконски издадена.

Со ребалансот вкупните приходи се намалени за 3 милијарди деанри, а вкупните расходи за 800 милиони.