Валс планира да забрани странски финансии за изградба на џамии во Франција

29.07.2016 12:53

Валс во интервју за весникот „Монд“ неколу дена по џихадистичкиот напад врз свештеникот пред олтар во црква, што ги разбуди стравувањата од верски тензии во секуларна Франција, изјави дека неговата земја мора да воспостави „нови односи“ со исламот.

Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека е отворен за привремена забрана на странско финансирање за изградба на џамии, по серијата напади во Франција, за кои одговороста ја презедоа џихадистите.

Валс во интервју за весникот „Монд“ неколу дена по џихадистичкиот напад врз свештеникот пред олтар во црква, што ги разбуди стравувањата од верски тензии во секуларна Франција, изјави дека неговата земја мора да воспостави „нови односи“ со исламот.

Мораме да ги ресетираме и да осмислиме нови односи со исламот во Франција, рече Валс, додавајќи дека е „отворен кон идејата дека во текот на периодот кој треба да биде одреден, не би тебало да има сранско финансирање за изградба на џамии“.

Валс исто така рече дека имамите треба да се обучуваат во Франција, а не на друго место.