Македонија и Бразил ги укинаа визите

29.07.2016 14:26

Постапката е реализирана преку размена на дипломатски ноти, која што ја извршија бразилскиот шеф на дипломатијата Карлос Алберто Симас Магелиес и македонскиот амбасадор, Ивица Боцевски.

Македонија и Бразил взаемно ги укинаа визите за бизнис и за туристички патувања. Визната либерализација ќе почне да важи од 27 август. Либерализацијата се однесува за престој до 90 дена во период од 180 денови.

Постапката е реализирана преку размена на дипломатски ноти, која што ја извршија бразилскиот шеф на дипломатијата Карлос Алберто Симас Магелиес и македонскиот амбасадор, Ивица Боцевски.

Македонските граѓаните без визи можат да патуваат во Шенген зоната, Исланд, Норвешка, Швајцарија, како и во Украина.