Груевски: Изградбата на гасоводот носи економски бенефит

29.07.2016 15:48

„Ќе помогне за добивање една енергетска сигурност на долг рок, намалување на цените, еколошка предност во однос на користење други енергенси“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Изградбата на гасоводниот систем носи економски бенефит, и додека траат градежните работи и откако ќе почне испораката на енергенсот- оценува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Ќе помогне за добивање една енергетска сигурност на долг рок, намалување на цените, еколошка предност во однос на користење други енергенси“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека се гради, истакна Груевски, има голем ефект и за градежните компании.

„Градбата на овој гасовод од Клечовце до Штип имаше ангажирано 400 работници и најголем дел од работите беа изведувани од македонски компании како подизведувачи на главниот изведувач. Има економски бенефит и додека се гради, а уште поголем економски бенефит кога ќе заврши градбата и кога ќе почне да се користи гасот“, нагласи Груевски.