Тече рокот за пријавување спорни гласачи, досега пријавени 595
Заклучно со денеска до 13 часот, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 595 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Граѓаните на кои не им се совпаѓаа податоците при проверките за прочистување на Избирачкиот список имаат рок до 19 август да се пријават до Државната изборна комисија (ДИК) за да го регулираат своето избирачко право.
Заклучно со денеска до 13 часот, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 595 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.
Од нив, 142 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 453 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.
За вкупно 39.502 лица се појавија несовпаѓања на податоците при вкрстените проверки за проичистување на Избирачкиот список. Доколку во предвидениот рок тие се пријават во ДИК и покажат валидни лични документи ќе бидат ставени во Избирачкиот список, во спротивно нема да може да гласаат на претстојните избори.
