Македонија утре ќе ги одбележи двата историски Илиндена
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов ќе се обрати на одбележувањето во меморијалниот комплекс во Пелинце, а претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во Скопје, пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, претседател на президиумот на АСНОМ.Премиерот Димитриев ќе ја предводи делегацијата на централното чествување на Мечкин Камен во Крушево...

Македонија утре ги одбележува двата историски Илиндена, 113 години од почетокот на Илинденското востание и 72 години од првото заседание на АСНОМ.
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов ќе се обрати на одбележувањето во меморијалниот комплекс во Пелинце, а претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски во Скопје, пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, претседател на президиумот на АСНОМ.
Премиерот Димитриев ќе ја предводи делегацијата на централното чествување на Мечкин Камен во Крушево. Ќе бидат положени цвеќиња на гробот на Никола Карев, на местото Слива, и на споменикот на бранителите на Крушевската Република на Мечкин Камен, каде што ќе се одржи голем народен собир.
Во Крушево за Илинден традиционално ќе пристигнат и коњаниците од илинденскиот марш, а градот од денеска ќе биде домаќин на Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“.
Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево, на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател.
Слободната република траела десет дена. Четириесет и една година по Илинденското востание, во манастирот св. Прохор Пчињски кај Куманово, 115 делегати го одржаа првото заседание на АСНОМ.
