Се предадоа сите напаѓачи од полициската станица во Ереван
01.08.2016 10:41
На 17 јули група вооружени луѓе зазедоа полициска станица во Ереван, барајќи да се ослободи лидерот на опозицијата Сефилијан.

Сите 20 напаѓачи, кои речиси две недели беа забарикадирани во полициската станица во Ереван им се предале на властите. Претходно ги ослободиле и последните двајца заложници, откако синоќа биле одржани нови протести.
На 17 јули група вооружени луѓе зазедоа полициска станица во Ереван, барајќи да се ослободи лидерот на опозицијата Сефилијан.
Напаѓачите, кои во станицата заплениле арсенал оружје и убија еден полицаец, зеле како заложници четворица лекари, кои постепени ги ослободуваа.
