Турција: Уапсени 9 лица за нападот во хотелот во Мармарис
01.08.2016 11:00
Продолжува потрагата по уште три лица.

Турските власти соопштија дека при операција во околината на туристичкото место Мармарис на турскиот брег на Егејското Море биле уапсени девет лица, осомничени дека се дел од групата која изврши напад врз истоимениот хотел, во којшто претседателот Ердоган беше на одмор за време на обидот за воен преврат на 15 јули.
Продолжува потрагата по уште три лица. Ердоган бил во хотелот со своето семејството, кога доцна вечерта на 15 јули добил информации за обидот за преврат и по препорака, било одлучено веднаш да биде преместен на друго, побезбедно место.
