Почина момчето повредено во сообраќајната несреќа во Кисела Вода

01.08.2016 12:06

Во несреќата на булеварот „Борис Трајковски“ учествуваа автомобил „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 43- годишен жител на Скопје и моторцикл Хонда без таблички, управуван од 22- годишникот.

Утрово почина 22 годишното момче од Скопје, кое беше повредено во сообраќајната несреќа кај Рампа во скопска Кисела Вода, што се случи ноќта меѓу 26 и 27 јули. Момчето пет дена беше приклучено на апарати за дишење и се бореше за својот живот.

Во несреќата на булеварот „Борис Трајковски“ учествуваа автомобил „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 43- годишен жител на Скопје и моторцикл Хонда без таблички, управуван од 22- годишникот.

По ударот, мотоциклистот во неконтактибилна состојба беше префрлен во Градската општа болница „Наум Охридски“. Момчето имаше повреди на градниот кош, фрактури по телото и повреди на черепот.

На возилата кои учестуваа во несреќата им се врши вонреден технички преглед, а се анализираат и земените примероци од крв.