Војската го презеде чувањето на амбасадите во Виена
01.08.2016 12:14
Вкупно 110 професионални војници ќе ги исполнуваат задачите во рамки на акцијата за пружање поддршка на полицијата.

Австриската армија го презеде чувањето на странските дипломатски претставништва и сличните установи во Виена. Вооружените сили ќе се грижат за безбедноста на 24 објекти во шест виенски окрузи.
Вкупно 110 професионални војници ќе ги исполнуваат задачите во рамки на акцијата за пружање поддршка на полицијата.
Војниците ќе имаат исти овластувања како што има полицијата, како што е на пример, право некому да забранат пристап, со исклучок на легитимирање и апсење.
