Двојно зголемен бројот на станбени кредити во последните пет години

01.08.2016 12:51

На крајот на 2010 година, банките издале станбени кредити во висина од 264 милиони евра, додека пак во 2016 година, одобрените кредити достигнаа вкупна вредност од 500 милиони евра.

Двојно е зголемен бројот на станбени кредити во последните пет години. Според Народната банка, македонските граѓани при купување нов дом, најчесто се одлучуваат да се задолжат кај комерцијалните банки.

На крајот на 2010 година, банките издале станбени кредити во висина од 264 милиони евра, додека пак во 2016 година, одобрените кредити достигнаа вкупна вредност од 500 милиони евра.

Показателите на Државниот завод за статистика посочуваат на одржување на високото ниво на изградба на нови станови и на намалување на нивната вредност.

Така, согласно статистичките податоци, минатата година во земјава биле подигнати 2.824 станови од деловните субјекти и 2.473 станови во индивидуална режија.