Девојче се удави во водите на Стара Бања
01.08.2016 12:57
Несреќата се случила вчера околу 15:30 часот, соопшти МВР.

Трагедија во кумановско. Тринаесетгодишно девојче се удавило во базен во Стара Бања во кумановското село Проевце. Несреќата се случила вчера околу 15:30 часот, соопшти МВР.
Повеќе информации за овој настан, полицијата ќе соопшти во текот на денот.
