Турција: Уапсени 9 лица за нападот во хотелот во Мармарис
Продолжува потрагата по уште три лица. Ердоган бил во хотелот со своето семејството, кога доцна вечерта на 15 јули добил информации за обидот за преврат и по препорака, било одлучено веднаш да биде преместен на друго, побезбедно место.

Турските власти соопштија дека при операција во околината на туристичкото место мармарис на турскиот брег на Егејското Море биле уапсени девет лица, осомничени дека се дел од групата која изврши напад врз истоимениот хотел, во којшто претседателот Ердоган беше на одмор за време на обидот за воен преврат на 15 јули. Продолжува потрагата по уште три лица. Ердоган бил во хотелот со своето семејството, кога доцна вечерта на 15 јули добил информации за обидот за преврат и по препорака, било одлучено веднаш да биде преместен на друго, побезбедно место.
Во меѓувреме, гувернерот на Анталија Мунир Каралоглу призна дека полицијата во овој турски град „по грешка“ привела 20 универзитетски професори, во рамки на операцијата против осомничени припадници на т.н. терористичка организација на Фетулах.
Како што јави телевизијата НТВ, гувернерот „призананието“ го дал за време на собир во Анталија на кој зборувал за напорите на властите „за прочистување на државата од членовите на ФЕТО, кои се длабоко инволвирани во државите институции“. Каралоглу нагласи дека по увидената грешка, професорите биле ослободени и од нив било побарано извинување.
Инаку турскиот министер за правда Бекир Боздаг одново изрази загриженост дека исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен би можел да побегне од САД во друга земја и го повика Вашингтон што е можно побрзо да го екстрадира во Турција.
Боздаг смета дека Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат дека е организатор на обидот за пуч, претставува закана и за САД.
Марина Автовска
