Тече рокот за пријавување на спорните гласачи

01.08.2016 13:10

До денеска до 13:00 часот се евидентирале 756 од вкупно запишани 39.502 граѓани, за кои по извршените теренски и вкрстени проверки е констатирано дека не се совпаѓаат со податоците во избирачкиот список.

Течат роковите за пријавување на луѓето со спорни записи до Државната изборна комисија. До денеска до 13:00 часот се евидентирале 756 од вкупно запишани 39.502  граѓани, за кои по извршените теренски и вкрстени проверки е констатирано дека не се совпаѓаат со податоците во избирачкиот список.

Најголем дел од нив, постапката ја завршиле преку веб апликацијата на Државната изборна комисија. Најмногу пријави има од Чаир, Центар, Аеродром, Кичево.

Рокот истекува на 19-ти август.