Заедничка седница на грчката и бугарската влада

01.08.2016 13:22

На агендата се очекува да се најде и ситуацијата во Македонија, за која Бугарија и Грција имаат слични ставови.

Грчкиот премиер Ципрас во еднодневна посета на Софија на заедничката седница на грчката и на бугарската влада. Ќе има тет-а-тет средби со бугарскиот колега, Борисов, и со претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев.

Заедно со Ципрас во Софија се и грчкиот министер за надворешни работи, Коѕијас, и уште пет министри од неговиот кабинет. Покрај директните средби и разговори, ќе бидат потпишани неколку меморандуми за соработка меѓу двете земји.

Главни теми на разговор, енергетската соработка меѓу Грција и Бугарија преку гасоводите ИГБ и Трансјадранскиот гасовод, зајакнување на добрите политичко-дипломатски врски, бегалската криза, соработката во одбраната и можни инфраструктурни проекти за подобро поврзување на двете земји.

На агендата се очекува да се најде и ситуацијата во Македонија, за која Бугарија и Грција имаат слични ставови.

Посетата на Ципрас на бугарија претставува ново отворање на Грција кон Балканот. Заради засилување на соработката со балканските држави, Коѕијас планира и втор регионален самит во октомври годинава, како тој во април за бегалската криза, на кој ќе присуствуваат претставници од Македонија, Бугарија и од Албанија.