Метео: Утре претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд
01.08.2016 14:45
Локално е можна појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.

Утре во Македонија претпладне ќе преовладува сончево време. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд грмежи и засилен ветер.
Локално е можна појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.
Во вечерните часови ќе настапи стабилизирање на времето.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
