Целосно изгоре млекарницата „Николови“
Пожарот избувнал изутрината во 9 часот, во погонот за пакување млеко и млечни производи, кога работниците заминувале на пауза за појадок...

Целосно изгоре млекарницата „Николови“ во Свети Николе. Пожарот избувнал изутрината во 9 часот, во погонот за пакување млеко и млечни производи, кога работниците заминувале на пауза за појадок.
Командирот на Противпожарната единица од Свети Николе, Зоран Трајчев изјави дека пожарот почнал од погонот за пакување на млеко и млечни производи. Сите работници навреме се евакуирани, а пожарникарите извлекле и две големи плински боци со цел да не дојде до експлозија на објектот.
Во интервенцијата на гаснење на пожарот биле вклучени сите пожарникари од Свети Николе, а екипи пристингале и од територијалните противпожарни единици од Штип и од Велес.
Во пожарот нема жртви, но е причинета голема материјална штета.
