Брисел: Безвизен режим со Турција, откако земјата ќе ги исполни условите

01.08.2016 15:15

„Безвизен режим со Турција, но откако земјата ќе ги исполни бараните услови“ – Брисел одговори на повиците од Анкара. Реакцијата на Унијата доаѓа откако турските власти се заканија дека ако не паднат визите за турските граѓани до октомври, договорот за бегалците ќе пропадне...

Комисијата е, и ќе остане целосно посветна да го осигура целосното имплементирање на договорот меѓу ЕУ И Турција. Го очекуваме истото од нашите турски партнери- ова е ставот на официјален Брисел, по новото заладување на односите меѓу Европската унија и Турција во врска одобрување на визната либерализација за турските граѓани, која со оглед на развојот на настаните е сѐ понеизвесна до крајот на годинава.

Од наша страна, Комисијата го испочитува, дури и ја забрза имплментацијата на договорот изминативе неколку месеци, со преземање на посебните мерки минатата недела. Ги мобилизиравме две од трите милијарди евра за помош на бегалците во Турција. Во однос на исполнување на стандардите, Комисијата продолжи да обезбедува помош и експерти до турските власти за да можат да ги забрзаат и да ги исполнат преостанатите барања. Турција се обврза да ги исполни условите, за турските граѓани да бидат ослободени од визниот резим. Финалната дата за визна либерализација ќе зависи од двете страни, кога Турција ќе ги испони стандартите И кога коледзот на комесарите ке го потврди тоа“, изјави портпаролката Мина Андреева.

Незадоволство од акруелната состојба, мината недела прва изрази Турција, која најави дека ќе се повлеце од договорот со ЕУ за запирање на бегалскиот бран потписан на 18 март, доколку Брисел не го исполни ветувањето и овозмнози безвизен резим за земјата до крајот на октомври. Визната либерализација беше главната награда за соработката со анката во запирањето на илјадниците бегалци кои преминуваа во Европа.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ