Почнува Светската недела на доењето
Во Македонија расте свеста кај мајките за неопходноста од мајчиното млеко за раст и развој на новороденчето. Сѐ почесто родилките се информираат за важноста на доењето...

Македонија да го следи нордискиот пример каде до 90 насто од родилките ги дојат своите бебиња. Нашата земја е далеку под овој просек, но охрабрува фактот што македонските мајки се повеќе се интересираат за природниот начин на хранење на своите деца, велат познавачите.
Статистиката на УНИЦЕФ зборува дека 21 процент од бебињата до шестиот месец се хранат исклучиво со мајчино млеко, додека 50 насто добиваат додатоци во форма на кашички, вода и чајчиња.
Истражувањата покажуваат дека доените деца имаат поцврст имунитет и се отпорни на многу болести.
Од денеска до седми август трае светската недела на доењето на бебињата. Во Македонија само 45 проценти од мајките ги дојат своите деца.
Надлежните неодамна алармираа дека бројката секоја година се намалува. Како главни фактори се посочуваат немањето доволно млеко, работните обврски, болест.
Анита Димитријевска
