Санирана околу 90 отсто од проценетата штета од невремето во Шипковица

01.08.2016 16:16

На жителите на ова населено место им се исплатени 500 илјади евра од државата. Во посета на Шипковица попладнево беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Санирани се речиси 90 проценти од проценетата штета од невремето, што точно пред една година, ја погоди Шипковциа. На жителите на ова населено место им се исплатени 500 илјади евра од државата. Во посета на Шипковица попладнево беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Владата исплати околу 25 милиони денари во декември на Бирото за судски вештачења. Потоа се утврдило дека треба уште 8,5 милиони денари затоа што имало некоја грешка од страна на Бирото за судски вештачења и во јули се исплатени и тие средства на општина Тетово. Така што тие се најверојатно во тек на исплата или треба да се исплатат брзо. Од тој аспект колку што сум информиран од страна на надлежните,  Владата ја има завршено обврската и сега треба да се заврши останатиот  дел преку општината, рече Груевски во разговор со жителите на Шипковица.