Анкета: Клинтон ја зголеми предноста пред Трамп
03.08.2016 10:06
За разлика од претходната анкета, според која демократската кандидатка имаше 6 проценти предност пред Трамп, според податоците од најновата анкета, Клинтон сега го зголеми водството на 8 проценти.

Најновите анкети покажуваат дека кандидатката на Демократската партија за претседател на САД, Хилари Клинтон, ја зголемила предноста пред Републиканскиот ривал Доналд Трамп.
За разлика од претходната анкета, според која демократската кандидатка имаше 6 проценти предност пред Трамп, според податоците од најновата анкета, Клинтон сега го зголеми водството на 8 проценти.
Околу 43 проценти од испитаниците се изјасниле за Клинтон, а 35 насто за Трамп.
