Жена загина во сообраќајна несреќа на патот Удово- Демир Капија

03.08.2016 10:18

Патничко моторно возило „Фиат Сеиченто“ со скопски регистарски таблички удрило во автобус на „Струмица Експрес“.

Сообраќајна незгода со смртни последици се случи изутрината по 7 часот на магистралниот пат Удово-Демир Капија кај местото викано Света Петка.

Патничко моторно возило „Фиат Сеиченто“ со скопски регистарски таблички удрило во автобус на „Струмица Експрес“.

Во сообраќајката на лице место починала сопатничката. Во тек е увид, а сообраќајот е во прекин во двата правца.