Во Охрид почнува „Научна и уметничка визита 2016“
Во Куќата на Уранија денеска ќе имаат предавање академиците Вера Битраковска Грозданова и Газанфер Бајрам на тема „Мозаиците во минатото и современоста“.
Во организација на Македонската академија на науките и уметностите“ во Охрид ќе почне манифестацијата „Научна и уметничка визита 2016-та година“.
Во Куќата на Уранија денеска ќе имаат предавање академиците Вера Битраковска Грозданова и Газанфер Бајрам на тема „Мозаиците во минатото и современоста“.
Манифестацијата продолжува со изложби, промоции, свечена академија по повод 1.100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски, тркалезна маса за високото образование и наука, како и завршна конференција за процесите на модернизација на Балканот.
Манифестацијата завршува на 2-ри септември со симпозиум за Богомилското движење и богомилската книжевност.
