Две жртви во сообраќајката на патот Удово-Демир Капија

03.08.2016 10:46

Загинати се возачот и сопатничката од Фиатот. Седумгодишно дете кое патувало со нив е префрлено на скопските клиники заради медицинска помош, соопшти Бендевска.

Две лица загинаа во судирот на патничко моторно возило и автобус на магистралниот пат Удово-Демир Капија што се случи утрово околу 7:20 часот.

Како што информира Лиза Бендевска од МВР, „фиат сеиченто" со скопски регистарски ознаки удрил во автобус со струмички таблички.
    
Загинати се возачот и сопатничката од Фиатот. Седумгодишно дете кое патувало со нив е префрлено  на скопските клиники заради медицинска помош, соопшти Бендевска.
    
Увидот на местото на сообраќајката сеуште трае. Повеќе детали  од МВР најавувија во текот на денот.