Премиера на „Бар-Ремарк“ на „Охридско лето“
Вечерва на Охридско лето публиката ќе ја проследи премиерата на претставата „Бар-Ремарк“, по текст на Ерих Марија Ремарк, во изведба на Народниот театар од Битола. Режисер на претставата е познатиот руски актер и режисер, Александар Баргман...

Љубителите на драмската уметност утревечер во предворјето на Света Софија ќе ја проследат премиерната изведба на претставата „Бар-Ремарк“ по текстот на Ерих Марија Ремарк „Тројца другари“, во продукција на Битолскиот театар. Иако приказната е од Првата светска војна, стравотиите и ужасот кои беснеат насекаде, претставата во суштина е љубовна приказна.
„Ремарк целиот свој живот и во секое свое дело го воспеваше човекот како единка. Со својот талент, со своето творештво и за мене тие тројца другари, не гледајќи на која било војна во себе наоѓаат сила во нив да воскресне човекот, да се родат чуствата, љубовта, да се пие животот“, изјави Александар Баргман- режисер од Русија.
Извонредната актерска екипа смета дека е создаден исклучително интересен театарски производ.
„Имавме доста интензивен процес во кој влетав со огромна љубов, со оргомна верба и мислам дека направивмедобра, одлична претстава. Мислам дека ќе допре до сетилата на публиката што ќе ја гледа и ќе уживаат гледајќи ја, исто како што ние уживавме создавајќи ја претставата“, вели актерката Катерина Аневска.
„Претставата врви низ едно време во кое се променува сопствениот став, мој личен како Огнен, ставот на Ремарк и ликот кој го играм, ми е многу интересно. Но, сепак да остане во рамките на една не документарност, но да остане во рамките на верноста, да не е пресилено“, додава актерот Огнен Дранговски.
„На Баргман му се воодушевувам како на актер кога ги гледав неговите претстави, сега ми е чест што играм во негова претстава, затоа што тој не е само актер, туку тој е театар институција, тој живее за театарот и театарот е во него“, вели актерот Петар Мирчевски.
Претставата „Бар Ремарк“ работена со Баргман во Битолскиот театар вгради нов уметнички квалитет и поинаква естетика, споредено со она што досега го работеле актерите.
Сашо Нелоски
