Колумбија: Властите уништиле 104 лаборатории за кокаин
03.08.2016 12:28
Операцијата е дел од новата владина стратегија за борба со производството на наркотици.

Колумбиската полиција во текот на изминатите пет дена уништила 104 лаборатории за кокаин, опремени да произведат околу 100 тони дрога годишно.
Операцијата е дел од новата владина стратегија за борба со производството на наркотици.
Директорот на полицијата за борба со наркотици Хосе Анхел Мендоса изјавил дека ова е голем удар врз финансиите на шверцерите на дрога.
