22 жртви во напад со автомобил-бомба во Бенгази
03.08.2016 11:30
Одговорноста за нападот ја презеде Консултативно собрание на револуционерите од Бенгази.

Во напад со автомобил-бомба, насочен кон силите за безбедност, загинаа 22 лица во источниот либиски град Бенгази.
Во нападот, што се случи во населбата Гуарша каде се водат борби меѓу владините сили за безбедност и сојузот на исламисти, како и останатите нивни противници, се повредени најмалку 20 лица.
Одговорноста за нападот ја презеде Консултативно собрание на револуционерите од Бенгази.
