Австралија: Сите нелегални мигранти ќе бидат вратени назад
Австралиската влада е посветена на тоа да ги заштитува границите на својата земја и да ги спречува луѓето да си ги ризикуваат животите на отворено море.

Австралискиот министер за имиграции, Питер Датон им порача на шверцерите на луѓе дека строгите заштитни мерки на Австралија остануваат на сила.
Австралиската влада е посветена на тоа да ги заштитува границите на својата земја и да ги спречува луѓето да си ги ризикуваат животите на отворено море.
Тој меѓудругото истакнал и дека сите оние коишто нелегално превезуваат луѓе и кои се обидуваат нелегално да допатуваат до австралија ќе бидат вратени назад.
Животот во австралија никогаш нема да биде опција за оние кои се обидуваат нелегално да допатуваат со брод и тука нема никакви исклучоци, истакнал министерот.
