Две лица загинаа во сообраќајка на патот Удово- Демир Капија

03.08.2016 13:19

Загинале возачот и сопатничката од фиатот, додека седумгодишното дете што патувало со нив, поради сериозните повреди било префрлено на скопските клиники.

Две лица загинаа изутрината на магистралниот пат Удово-Демир Капија. Околу 7 часот и 20 минути кај местото наречено Света Петка дошло до судир на патнички автомобил „Ауди А-4“ со германски регистарски таблички, автобус на „Струмица Експрес“ и автомобил „Фиат Сеиченто“ со скопски регистарески таблички.

Загинале возачот и сопатничката од фиатот, додека нивниот 7-годишен син кој патувал со нив, поради сериозните повреди, бил префрлен на скопските клиники.

Потешко била повредена и сопатничката во аудито која е хоспитализирана во велешката болница.