Собрание: Расправа за законот за студентски стандард
03.08.2016 13:20
Доколку бидат усвоени, студентите ќе можат да бидат тутори на ученици од средно и основно образование, со што би добивале поени за стипендија.

Пратениците во Собранието денеска ќе расправаат за измените на законот за студентски стандард.
Доколку бидат усвоени, студентите ќе можат да бидат тутори на ученици од средно и основно образование, со што би добивале поени за стипендија.
Постапката за изменување на законот почна во јуни, а денеска во Собранието се спроведува првото читање.
