Почна селекцијата за прием на 600 полицајци во МВР

03.08.2016 14:57

На конкурсот за вработување 600 полициски службеници во МВР, се пријавиле 3.972 кандидати. Веќе почнаа проверките на нивната физичка подготвеност. Финалните листи ќе бидат познати на почетокот на октомври...

На новиот оглас на Министерството за внатрешни работи се пријавиле 3.972-ца кандидати, 600 од нив ќе ја облечат сината униформа. Селекцијата се одвива во три фази. Прв тест - физичката подготвеност.

По физичката, ќе следува оцена и на интелектуалната и емоционалната способност. Пријавените ќе полагаат и општообразовент тест, по што ќе одат на интервју. Пријавените велат дека е чест да се носи сината униформа.

3063- ца од кандидатите се македонци, 617 албанци, 120 турци, по 49- мина срби и босанци, 36 роми, 22-ца власи, 11 македонци муслимани, по еден хрват и црногорец и уште тројца.

Во октомври треба да биде објавена конечната листа на примени кандидати.

Најдобро рангираните кандидати ќе ја почнат едногодишната обука во центарот за обука- Идризово.

 

Наташа Гркова- Петрушевска