Интензивни борби во Алепо
03.08.2016 15:05
Според извори на бунтовниците, во борбите се вклучени 10 илјади војници, 95 тенка и повеќе стотици ракетни фрлачи.

Интензивни борби се водат во околината на сирискиот град Алепо каде што буновниците се обидуваат да го пробијат обрачот на владините сили.
Според извори на бунтовниците, во борбите се вклучени 10 илјади војници, 95 тенка и повеќе стотици ракетни фрлачи.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон, ја опиша бунтовничката офанзива како најголема досега, бидејќи борбите се одвиваат на сите фронтови во поделениот Алепо.
Сириската војска ги одбива нападите на бунтовниците со помош на воздушните удари на руските сили кои имаат за цел да го спречат пробивот на бунтовнчките сили, соопшти Центарот.
