Поинтензивна соработка меѓу компаниите и НВО секторот

03.08.2016 15:23

Бизнис- заедницата малку е запознаена со работат на граѓанскиот сектор. Треба да се создаде долгорочни ефективни партнерства, сметаат од Стопанкста комора на северо- западна Македонија и фондацијата Албиз.

Компаниите донираат пари во општество, но директно, a не преку невладините организации. Бизнис- заедницата малку е запознаена со работат на граѓанскиот сектор. Треба да се создаде долгорочни ефективни партнерства, сметаат од Стопанкста комора на северо- западна Македонија и фондацијата Албиз.

Ирина Јанеска десет години е во граѓанскиот сектор, вели соработката е на многу ниско ниво. Законот за донации и спонзорства овозможува даночни олеснувања ако донирањето оди по инстуциционалните канали.

Истражувањата и главните стратешки ориентации на светско ниво покажуваат дека во иднина донатор во невладините организации ќе биде бизнис секторот.  

Од Албиз велат дека промовирање на компанија како општествено одговорна ќе го подобри нејзиниот имиџ и ќе им донесе повеќе клиенти.

 

Наташа Јанчиќ