„Епска“ борба за Алепо
Сѐ пожестока е борбата за сирискиот град Алепо. Војската со поддршка од руските авиони ги бранат своите позиции. Пукотници и експлозии има на сите фронтови во некогаш најубавиот град во Сирија...

Бунтовниците тргнаа во офанзива против владините сили во обид да го пробијат обрачот на сириската војска - сѐ пожестока е борбата за сирискиот град Алепо. Војската со поддршка од руските авиони ги бранат своите позиции. Пукотници и експлозии има на сите фронтови во некогаш најубавиот град во Сирија.
Околу 250. 000 цивили се држат под опсада, дури и без минимални услови за живот, а дневно има околу 30-тина жртви, јавува БИ-БИ-СИ. Во текот на викендот бутновниците се обиделе повторно да го поврзат Алепо со териториите на запад, кои се под нивна контрола. Бунтовниците активирале и голема бомба во тунел под армиските позиции во стратегиската област Рамусех. 10.000 борци, 95 тенка и неколку стотици ракетни фрлачи учествуваат во борбата која бунтовниците ја нарекоа епска за Алепо- велат извори за БИ-БИ-СИ.
Голем број бомбаши самоубијци со возила полни со експлозив планираат да ги нападнат пунктовите на сириската војска . Офанзивата на антивладините екстремисти е најголема досега бидејќи борби има на сите фронотови. Вака Сирискиот мониторинг за човекови права ги опиша случувањата во Алепо и не ја исклучува можноста во овој град да се случи најголемата хуманитарна криза.
Руската војска вчера соопшти дека околу пет илјади екстремисти биле спречени во намерата да почнат офанзива југозападно од Алепо за да ја пробијат опсадата на овој сириски град и дека во операцијата се убиени над 800 екстремисти.
Според началникот на главниот операциски оддел на генералштабот на руската војска, бунтовниците загубиле 14 тенка, десет други оклопни возила и 60 возила опремени со оружје.војната во сирија трае пет години, бројот на жртвите се искачи на околу 300.000, милиони се раселени, а сѐ уште има илјадници цивили кои живеат во воените жаришта.
Викторија Милевска
