Убиена жена во центарот на Лондон, петмина ранети
04.08.2016 09:35
Според првичните информации на полицијата, нападот го извршило лице со ментално нарушено здравје.

Една жена е убиена, а петмина други се ранети во напад со нож во центарот на Лондон. Според првичните информации на полицијата, нападот го извршило лице со ментално нарушено здравје.
Претходно полицијата оцени дека нападот би можело да биде поврзан со тероризам. 19- годишно лице е уапсено по полноќ на плоштадот Расел каде што потоа биле распоредени големи полициски сили.
