Експлозија во Анталија, две лица повредени

04.08.2016 09:35

Според полицијата, местото на нападот е на 150 метри од Плоштадот на републиката,каде што веќе се изведуваат истражни дејствија.

Две лица се повредени во центарот на турскиот град Анталија при експлозија на рачно изработена бомба, што била оставена на клупа.

Повредените  учествувале на провладин митинг организиран во овој дел од градот. Според полицијата, местото на нападот е на 150 метри од Плоштадот на републиката,каде што веќе се изведуваат истражни дејствија.

По неуспешниот обид за преврат што беше изведен на 15 јули, низ цела Турција се одржуваат митинзи за поддршка на претседателот Реџеп Таип Ердоган и владата.