Антиќ: Горд сум што ќе ја претставувам Македонија на Ол-стар викендот
30.01.2014 08:48
Македонскиот кошаркарски репрезентативец ќе биде и првиот што ќе ја претставува нашата земја на манифестацијата...

Перо Антиќ, првиот Македонец што заигра во престижната кошаркарска НБА лига ќе учествува на Ол-стар викендот што од 14 до 16 февруари ќе се одржи во Њу Орлеанс, објави клубот на Антиќ Атланта Хоукс.
Македонскиот кошаркарски репрезентативец ќе биде и првиот што ќе ја претставува нашата земја на манифестацијата која ги собире најголемите кошаркарски ѕвезди на едно место.
Антиќ ќе настапи на натпреварот „Ѕвезди во подем“ на кој играат најдобрите „тазе“ НБА кошаркари. Овие играчи преку гласање ги избираат помошниците на главните тренери на екипите.
Во моментов македонскиот кошаркар се рехабилитира од повредата на стапалото, но се очекува тој да биде подготвен за големиот настан.
- Горд сум што ќе ги претставувам градот Атланта и мојата татковина Македонија во Њу Орлеанс, е изјавата на Антиќ на социјалната мрежа Твитер.
Според најавите од НБА лигата, тренер на екипата за која ќе настапи Антиќ ќе биде Чарлс Баркли или Шекил О’Нил.