Бурата Ерл прерасна во ураган и се насочи кон Белизе и јужно Мексико

04.08.2016 11:46

Во Белизе и на мексиканскиот полуостров Јукатан властите објавија зголемен степен на подготвеност и мерки за безбедност поради приближување на ураганот.

Тропската бура Ерл над Карипското Море ја достигна силата на ураган од прв степен, приближувајќи се кон крајбрежјето на Белизе, соопшти националниот центар за набљудување на урагани во Мајами.

Во Белизе и на мексиканскиот полуостров Јукатан властите објавија зголемен степен на подготвеност и мерки за безбедност поради приближување на ураганот.

Според податоците на центарот, брзината на ветерот со опсег на ураган достигнала 120 километри на час.