Керн: Членството на Турција во ЕУ е само фикција

04.08.2016 13:57

Во интервјуто за „Пресе“, Керн предупредува дека укинувањето на договорот за бегалците од страна на Турција е проблем што би можел да ги пресели мигрантите во Грција, а потоа во Србија и Унгарија.

Австирскиот канцелар Кристијан Керн повеќе не смета дека Турција е кандидат за членство во ЕУ.

Во интервјуто за „Пресе“, Керн предупредува  дека укинувањето на  договорот за бегалците од страна на Турција е проблем што би можел да ги пресели мигрантите во Грција, а потоа во Србија и Унгарија.

Тој порачал дека треба да се прифати реалноста, дека пристапните преговори со Турција во моментов се фикција.