МВР го истражува случајот со удавената жена во Калимаци
04.08.2016 15:06
Во полицијата претходно било пријавено дека сопружниците кои биле заедно во автомобилот „Форд фиеста“, имале брачни недоразбирања.
На телото на 31- годишната жена од Македонска Каменица, која синоќа се удави кај браната Калиманци, се пронајдени траги од насилство. Полицијата се уште трага по сопругот.
Во полицијата претходно било пријавено дека сопружниците кои биле заедно во автомобилот „Форд фиеста“, имале брачни недоразбирања.
Јавен обвинител од делчевското обвинителство се уште врши увид на локацијата кај вештачката акумулација Калиманци.
