Почна исплатата на заостанатите плати на рударите од Злетово и Тораница
04.08.2016 15:08
Во стечајната постапка, од имотот на двата рудника, предност во исплатата имаат рударите- велат од Министерството за економија. Потоа ќе бидат исплатени и другите доверители.

На сметките на околу илјада рудари од Злетово и од Тораница легнуваат околу 39 милиони денари. Почна исплата на трите заостанати плати на рударите, кои не биле подмирени од претходните сопственици.
Во стечајната постапка, од имотот на двата рудника, предност во исплатата имаат рударите- велат од Министерството за економија. Потоа ќе бидат исплатени и другите доверители.
Новиот концесионер со рудниците, бугарската компанија „Министрој“ веќе работи на рестартирање на капацитетите. Во подготовките се ангажирани околу 160 луѓе.
