Керн: Турција повеќе не е кандидат за членство во ЕУ
Турција повеќе не е кандидат за членство во ЕУ- вели австирскиот канцелар Кристијан Керн. Претседателката на турската парламентарна делегација во Белгија предупреди- очекувавме претставници од ЕУ да дојдат и самите да видат што се случува во Турција, наместо да читаат во весниците...

Австирскиот канцелар Кристијан Керн повеќе не смета дека Турција е кандидат за членство во ЕУ. Во интервјуто за „Орф“, Керн предупредува дека укинувањето на договорот за бегалците од страна на Турција е проблем што би можел да ги пресели мигрантите во Грција, а потоа во Србија и Унгарија. Тој порачал дека треба да се прифати реалноста, дека пристапните преговори со турција во моментов се фикција. Не е проблем само претседателот Ердоган, туку повеќе економскиот диспаритет, нагласил Керн.
„Навистина мислам дека треба да разговараме критички за тоа, затоа што сегашните преговори, не се ништо друго освен дипломатски фикција. Ние знаеме дека демократските норми во Турција не се доволни за да се оправдаат пристапните преговори со ЕУ, а исто така и економската ситуација е лоша. Националната економија на Турција е далеку од европскиот просек, и ние не може да се оправдаме приклучување од едноставни економски причини“, смета Керн.
Реагираше министерот за европски прашања Омер Челик. Тој смета дека ставот на канцеларот Керн за окончување на преговорите со Анкара за влез во ЕУ се вознемирувачки блиски до ретириката на крајната десница.
„Критиката со сигурност е демократско право, но мора да се прави разлика меѓу тоа кога некој ја критикува Турција и кога е против неа“, изјави Челик.
Турската полиција во Адана утрово приведе 20 лица осомничени за членство во Исламска држава. Антитерористичката полиција поддржана од хеликоптери извела истовремени рации на 22 адреси по известување дека исламистите подготвуваат напад. Адана се наоѓа во близина на воздухопловната база Инџирлик во која се стационирани американските и силите на НАТО, кои учествуваат во мисии над Сирија.
Свето Николовски
