Уписи на факултет: Се очекува голем интерес за техничките струки
За две недели, факултетите ќе ги отвораат вратите за матурантите. Универзитетите ги прават последните подготовки пред уписите. И годинава, голем интерес се очекува да има за техничките струки...

Универзитетите ги прават последните подготовки пред уписите. За две недели факултетите ги отвораат вратите за матурантите. На Електро годинава има 650 слободни места. Деканот Миле Станковски очекува интересот да биде голем. Вели младите се се посвесни дека дипломата од техничките науки носи сигурно вработување.
Летово странските компании го користат за да ги скенираат најдобрите студенти на овој факултет. Пример е германска компанија која планирала да вработи пет студенти се одлучила за 20 поради квалитетот на дипломоците.
Просекот на запишани студенти на Електро е 9. Професорите велат дека најмногу внимание и посветуваат на практичната работа и заедно со студентите работат на нивните вештини.
Факултетот за електротехника годинава доделува 50 стипендии за студентите. Трите најголеми енергетски компании ќе доделат 15. Првиот уписен рок на државните универзитети стартува на 18-ти и 19-ти август, вторниот е закажан за 5-ти септември.
Викторија Милевска
