Привршува реконструкцијата на црквата „Свети Илија“ во Дојран

04.08.2016 16:57

Tаа е значајно културно наследство од 19-ти век. Ќе биде целосно обновена на стогодишнината од нејзиното бомбардирање во Првата Светска војна кога претрпела сериозни оштетувања и била надвор од употреба.

Привршува реконструкцијата на црквата „Свети Илија“ во Дојран. Таа е значајно културно наследство од 19-ти век. Ќе биде целосно обновена на стогодишнината од нејзиното бомбардирање во Првата Светска војна кога претрпела сериозни оштетувања и била надвор од употреба.

Наскоро ќе и биде вратен автентичниот сјај. Реконструкцијата е со финансиска поддршка од Министерството за култура, ја спроведува Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица.

Црквата денеска ја посети министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. Информираше дека во изминатите години е работено систематично, а пред реконструкцијата претходеле археолошки истражувања во црквата. Потоа се пристапи кон конзервација и реставрација на црквата, зачувување на значајни елементи кои се карактеристични за различни периоди бидејќи црквта е градена во 1848 година, а е срушена за време на Првата светска војна.

Оваа година се одбележуваат сто години од рушењето на црквата и тоа е значаен јубилеј. Планираме таа да си го врати автентичниот сјај и намена, и на денот на Општината, 5 Ноември, да се стави, пред се, во функција за сите граѓани и посетители. Сите фази се целосно завршени, останува уште фазата за поставување прозорци и врати, изјави Канческа-Милевска.