Матично книговодство во сточарството
Годинава евиденцијата и контролата во сточарството...

Годинава евиденцијата и контролата во сточарството ќе ја спроведува Факултетот за земјоделски науки и храна.
Во говедарството ќе да води регистар на признати одгледувачи за генетскиот потенцијал на добитокот, за контрола и квалитетот на млеко и карактеристиките на животните.
Во овчарството и козарството ќе се увид на секое стадо, на фармите, и на производството на млеко и на месо. Во свињарството ќе се контролира потеклото на добитокот,а во пчеларството ќе се евиентира секое пчелно семејство.
Годишниот извештај треба да го достави до март наредната година, а за услугата ќе наплаќа најмногу 8 милиони денари од државата.
Матичното книговоство ќе обезбеди податоци за насочување на одделни програми за одгледување за и развој на сточарството.
Методија Трајков
