Јолевски во САД: Неопходно е Македонија да стане полноправна членка на НАТО

05.08.2016 09:54

Како никогаш досега е неопходно Македонија да стане полноправна членка на НАТО, порачал на средбата во Вашингтон со заменик помошникот на американскиот секретар за одбрана Мајкл Карпентер, македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски...

Регионот има клучна стабилност за Европа и затоа е, како никогаш досега неопходно Македонија да стане полноправна членка на НАТО, порачал на средбата во Вашингтон со заменик помошникот на американскиот секретар за одбрана Мајкл Карпентер, македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски.

Тој побарал поактивно вклучување на САД во модернизацијата на македонската армија, како и ивестирање на американскиот воено-индустриски комплекс во одредени гранки на македонската економија.