Оланд, Ренци, Кери и Бан Ки-Мун на отворањето на ЛОИ
Во свечената ложа ќе бидат присутни претседателот на Франција, Франсоа Оланд, на Аргентина, Маурисио Макри, и на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, како и премиерот на Италија, Матео Ренци.

Француските медиуми пренесуваат дека шефови на држави и влади и шефови на меѓународни организации ќе присуствуваат на церемонијата на отворање на Летните олимписки игри во Рио Де Жанеиро.
Во свечената ложа ќе бидат присутни претседателот на Франција, Франсоа Оланд, на Аргентина, Маурисио Макри, и на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, како и премиерот на Италија, Матео Ренци.
Американската делегација на игрите ќе ја предводи државниот секретар Џон Кери, додека пак Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, ќе учествува во носење на штафетата со Олимпискиот оган.
Церемонијата на отворање на ЛОИ почнува во 23.00 часот по Гринич, (01.00 часот по средноевропско време, на 6 август) на стадионот Маракана.
