Фрлена експлозивна направа во Косовскиот парламент

05.08.2016 10:22

Дневниот весник „Експрес“ тврди дека на парламентот била истрелана „зоља“.

Непознати напаѓачи фрлиле експлозивна направа во зградата на Косовскиот парламент. Според локалната полиција, експлозивот бил фрлен од растојание и при нападот нема настрадани лица.

Дневниот весник „Експрес“ тврди дека на парламентот била истрелана „зоља“.

Експлозијата се случува пред денешната седница на Косовскиот парламент, на која е најавена расправа за законот за демаркација на границата со Црна Гора, на што остро се спротивставува опозицијата.