Хрватска: 21 година од „Бура“ и Денот на победата

05.08.2016 10:45

На централната прослава во Книн се очекуваат околу 100.000 луѓе од цела Хрватска.

Хрватска се подготвува за централната прослава на Денот на победата и Татковинската благодарност, како и Денот на хрватските бранители, во спомен на 21 годишнината од воено-полициската операција „Бура“, со која беа ослободени области во Северна Далмација, Лика, Бановина и Кордун.

На централната прослава во Книн се очекуваат околу 100.000 луѓе од цела Хрватска.

Овогодишната прослава заедно е организирана од хрватските Министерства за одбрана, внатрешни работи и ветераните, како и Канцеларија на претседателката на Хрватска, Хрватскиот парламент и градот Книн.